ГРЦИТЕ И СТОКАТА: Грчките цариници ќе пуштаат стока само со името ,,С” Македонија

  • March 19, 2019

При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот „МК: ,,С” Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека пак во однос на трговските имиња и трговските ознаки објаснето е дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање Меѓународна група.

Независната служба за јавни приходи на Грција, преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со ,,С” Македонија, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа.

Документот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатстава за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои детално се објаснети упатствата и насоките до царинските служби, а е сличен со циркуларот од грчкото МНР со упатства до јавните служби, испратен минатиот месец, јави дописничата на МИА од Атина.

На почетокот од циркуларот, објаснето е дека од 12 февруари уставното име на земјата е „Република ,,С” Македонија“, а краткото име „ ,,С” Македонија“ и важи за сите употреби.

–Сите документи што ќе ги издава соседната земја (патни документи, лични карти, возачки дозволи, потврди итн), секаков вид на службена пошта и пропратен материјал што доаѓаат од властите на соседната земја што се со датум на издавање по стапувањето на сила на договорот, ќе треба да бидат со новото име и термините што се однесуваат на земјата, пишува во циркуларот и е објаснето дека за веќе постоечките документи предвидени е “техничи” и “политички” преоден период, согласно членот 1 (3) од Договорот од Преспа.
“Техничиот” преоден период се однесува на документите за меѓународна употреба, за кои е предвиден рок од најмногу пет години, а “политичкиот” за документите за внатрешна употреба чија промена е поврзана со отворањето поглавја во процесот н преговри со ЕУ.

Во циркуларот е објасеното дека повеќе не важат имињата „Република Македонија” и „поранешна југословенска Република Македонија”, а во случај во официјалната службена пошта на властите од двете земји да нема придржување до правилната употреба на името и термините, службената пошта, нема да биде примена и ќе се враќа назад до испраќачот.

При увозот, според циркуларот, треба да стои кодот „МК: ,,С” Македонија” во делот што се однесува на земја испраќач или земја на потекло, додека пак во однос на трговските имиња и трговските ознаки објаснето е дека царинските служби не се обврзани да контролират, бидејќи врз основа на Договорот од Преспа, предвидено е формирање Меѓународна група.

Претходно «
Следно »