ГРЦИТЕ МАСОВНО ГУГЛААТ И УЧАТ ЗА МАКЕДОНИЈА:Најпребарувани термини се:Александар Велики,Илинденско Востание!

  • January 8, 2019

Грција, Македонија, Александар Велики и поранешната југословенска Република Македонија, се четирите најпопуларни статии на грчката верзија на Википедија за 2018 според Викимедија заедницата на корисници од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Изминатата година, теми поврзани со разговорите за името го монополизирале интересот на Грците кои освен стандардните статии (Грција, Атина) пребарувале написи како на пример, иредентизам, Илинденско востание , Скопје, Микис Теодоракис, македонското прашање.

Поконкретно, објавената листа со најпопуларни 10 натписи за 2018 е следната:

1.Грција – 559376 посети

2.Македонија, посветен на географската област Македонија – 339112 посети

3. Александар Велики – 277655 посети

4. Поранешна југословенска Република Македонија – 243261 посети

5. La casa de papel, шпанската серија- 236646 посети

6. Стивен Хокинг – 236556 посети

7. Кралицата Елизабета Втора – 217412 посети

8. Атина – 209523 посети

9. Листа на грчки ТВ серии – 207928 посети

10. Кристиано Роналдо – 206990 посети

Грчката Википедија, во 2018 имала над 358.800.000 посети.

Претходно «
Следно »