Грција отвара истрага за парите платени на Анѓушев!

  • September 14, 2018

Опозициските партии во Грција во парламентот бараат од владата на Ципрас да објасни како и зошто најголемата грчка корпорација за промет со електрична енергија PPC, под контрола на владата, ја презела македонската компанија за трговија со струја ЕДС, во сопственот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, непосредно пред потпишувањето на договорот од Преспа.t

Барањето за објаснување беше предизвикано од откритието дека ППЦ, која има огромни долгови и речиси е пред банкрот, на Анѓушев за ЕДС веднаш му исплатила 4,8 милиони евра, и тоа во готово.

„Кој ја дал политичката наредба на ЕДС да ѝ се исплатат речиси пет милиони евра непосредно пред потпишувањето на договорот за името?”, прашува функционерот на Нова демократија, Василис Кикилиас и повикува на парламентарна истрага.

Пратеникот,пак, на Движењето за промени, Јанис Маниатис, побара владата да достави документи кои би го објасниле нејзиниот потег.

Претходно «
Следно »