November 28, 2021, 8:47 am

Грција пoд cтpoги мepки: Осум грчки peгиoни вo цpвeнaта зoна со пoлициcки чac и зaбpaнa зa мyзика вo yгocтитeлcкитe oбjeкти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште три региони од северниот дел на Грција од денеска се во црвената зона со полициски час од еден часот по полноќ до шест часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден, а истите рестрикции се продолжуваат во пет региони во кои беа воведени минатата седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Ксанти, Драма и Касторија се префрлени во црвената категорија, а мерките се продолжени во областа Пиерија во која спаѓаат Катерини, Паралија, Неи Пори, Платамона и сл, во областите Иматија, Пела и Кавала во северна Грција, како и во Арголида на Пелопонез.

Регионот Евританија во централна Грција од црвената преминува во портокаловата зона и се укинуваат рестрикциите што важеа до вчера.

Мерките се во сила до следниот петок во 6 часот наутро.

Поголемиот дел од Грција е во портокаловата зона, а само неколку региони, повеќето од нив острови, се во зелената категорија.

Latest News

Максо пак paзочаран од СДCM

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори...

More Articles Like This