Грција ја отвори границата за Македонците, ова се условите за влез во земјата

Поврзано

- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.

-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Latest News

Вулин: Да им се забpaни влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за гeнoцид во Сребреница

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин изјави дека ќе побара забрана за влез во Србија за оние кои...

More Articles Like This