ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ВООРУЖУВА: Грчката влада бара една милијарда евра за вооружување на армијата

  • April 3, 2018

Владата во Атина планира да го забрза усвојувањето на законските процедури кои обезбедуваат расходи за вооружување во износ од една милијарда евра за потребите на трите видови војници, пишува весникот „Катимерини“.

За предлогот за таквите расходи се дискутирало на парламентарната комисија за вооружување. Претставници од сите партии во оваа комисија се согласиле дека има потреба да се преземат иницијативи за одржување на вооружувањето на армијата.

На седницата била одобрена и распределбата на речиси 55 милиони евра за поддршка на постоечките воени авиони за транспорт C-1340 и C-27.

Најголем дел од дискусијата била фокусирана и околу предлогот за одобрување на расходи во износ од една милијарда евра. Средствата треба да се доделат со цел итно исполнување на потебите на трите видови војници. (МИА)

Претходно «
Следно »