Грција oд дeнecкa вoвeдyвa нajcтpoги мepки: Bpтoглaвo pacтe бpojoт нa нoви cлyчaи, пoлициcкиoт чac ќe зaпoчнe вo 19 чacoт

Поврзано

- Advertisement -

Од денеска до 16 март, во Грција се воведуваат построги мерки, со кои се ограничува движењето и се зголемуваат контролите, објави попладнево заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас.

Како што јави МИА од Атина, Грција е поделена во две зони- темноцрвена (многу зголемена опасност) и црвена (зголемена опасност) во зависност од епидемиолошката слика.

Атика, Солун и уште 17 други региони се во темно црвената зона, односно ниво на многу зголемена опасност, каде што полицискиот час е од 19 часот до 5 часот наутро, со исклучок на Солун и Атина, каде што од понеделник до петок ќе биде од 21, а само за викендите од 19 часот, а затворени се сите училишта.

Во црвената зона се останатите делови на Грција, каде полицискиот час почнува од 21 часот, додека пак настава со физичко присуство следат учениците од основните и дел од средните училишта.

Во следните 12 дена, ќе важат нови правила во однос на смс – пораките кои граѓаните, за време на карантинот ги користат за движење, избирајќи една од понудените шест опции.

Измените со новите мерки се однесуваат на продавниците за храна (супермаркет, минимаркет и сл) и банките, при што дозволено ќе биде посета само во рамките на општината или најмногу до два километри оддалеченост од местото на живеење.

Заострување има и во однос на физичките активности, односно не е дозволено спортување или шетање на милениче во друг регион.

Областа Атика, поширокиот регион Атина, иако веќе 20 дена е во строг карантин, сепак има зголемен број нови случаи и зголемен број хоспитализирани.

Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 2.702, нови случаи со ковид-19, а 1.270 од новозаразените се во областа Атика. Регистрирани се и 40 смртни случаи, а 431 лица се на апарати на Одделите за интензивна нега.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This