December 9, 2021, 7:28 am

Грчева: Го слушам Заев вели дека морале веднаш да се променат…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската Унија. Тој не може да нѐ однесе во ЕУ, едноставно истргува со сѐ – изјави Солза Грчева при гостување во емисојата „Што не е јасно?“ на Алфа телевизија.

Таа истакна дека Зоран Заев ги извадил сите адути од џеб и дека го дал дури и она што не му било побарано, но и дека е подготвен уште да даде и сега по катастрофалниот пораз ги залажува граѓаните со евроинтеграциите.

Грчева потенцира дека резултатите од локалните избори се тотален пораз на политиките на Зоран Заев и СДСМ.

Го слушам денес кога вели дека заслужено добиле жолт картон и мораме веднаш и сега да се променат. Епа сакам на граѓаните денес од ова студио да им упатам една јасна порака: Промена кај овие луѓе нема да има, ако има промена ќе биде уште полошо! Со СДСМ казнети се македонските национални интереси кои се на распрадажба, дури и на СДСМ не им е сеедно бидејќи таму има полно деца и внуци на партизани на кои им го избриша АСНОМ од Уставот. Што си мисли, дека на Бугарија ќе ѝ дадеме сѐ и ќе добива поени? Па и кај нив ќе губи поени. Од градежната мафија не се откажуваат, но она што најмногу ме секира е тоа ние стануваме нарко земја! – истакна Грчева.

Таа посочи дека ни во Мексико владата не ги поддржува нарк-картелите, а тие не можат да се стават под контрола и дека ќе дојде време кога луѓе, мафии ќе се пресметуваат и убиваат по улици и ги предупреди граѓаните дека ова е последна шанса да се освестат.

Ние сме имале и лоши политики, сме имале и подобри политики, но овие луѓе не успеаја добрите политики да ги унапредат туку урнаа се, донесоа сосема нова димензија и ние стануваме нарко-земја. Доколку овие луѓе не бидат итно поразени ние ќе имаме убиства на улица – вели Грчева.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This