ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА: Eгејците биле самопрогласените’ македонски’ жители

  • April 3, 2019
  • Коментари

Светиот Синод на Грчката православна црква испрати писмо до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во кое се изразува загриженост за барањето за држење служба на „македонски јазик“ за „православните христијани од малцинството етнички Македонци во Грција“, што го побара партијата „ Виножито “со своето писмо до Вселенскиот Патријарх.

Светиот синод на ГПЦ, во писмото до Патријархот Вартоломеј, „изрази загпиженоцт за барањето на самопрогласените’ македонски’ жители на Грција и на политичкиот агент на самопрогласено малцинство на Македонците во Грција” за служење на Божествената Литургија на идиомот на таканаречениот ‘македонски’ јазик, во национално чувствителниот регион на Северна Грција“, пренесува „Катимерини“.

„Катимерини“ потсетува дека „Виножито“ „во која се зборува на словенски“, се повикува на Преспанскиот договор и бара Вселенскиот Патријарх да ги прегрне „Македонците“ со „истата страст со која ги прифаќа малцинските Грци на Константинопол“.

Во писмото исто така Виножито бара да се исправат неправдите кон македонските православни христијани на кои им е оневозможено да слушаат богослужба на македонски.

Претходно «
Следно »