ГРЧКИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ ЛИЧНО ЌЕ НИ ЈА „КРОИ“ ИСТОРИЈАТА: Дводневна средба во Охрид на заедничкиот Комитет за учебниците со Грција

  • May 17, 2019

Во Охрид денеска започнува нова дводневна средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција, потврдуваат грчки извори за МИА од Атина.

Од грчка страна за Охрид заминува и заменикот министер за надворешни работи на Грција, Маркос Боларис, кој воедно го предводи грчкиот тим во Комитетот за учебниците.

Ова ќе биде четврта средба на Заедничкиот мултидисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, воспоставен со член 8 став 5 од Договорот од Преспа.

Третата средба се одржа во Атина на 12 и 13 април 2019 година, а според заедничкото соопштение на двете Министерства за надворешни работи, состанокот помина во пријателска, конструктивна и позитивна атмосфера и „беше остварен напредок во однос на исполнувањето на задачите на Комитетот и беа потврдени и дополнително елаборирани заклучоците од втората средба“.

-Двете страни се согласија да продолжат со имплементација на мандатот што им е доделен со Преспанскиот договор, во рамката на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. На средбата беа разгледани и дискутирани курикулумите на двете страни, а исто така се разговараше и за учебниците по историја, соопштија минатиот месец од двете министерства.

Претходно «
Следно »