ГРЧКОТО СЦЕНАРИО СТАНУВА МАКЕДОНСКО: Денарот во опасност од девалвација, задолжувањето неконтролирано, хаосот следи!

  • August 11, 2017

Владата на СДСМ продолжува со неконтролирано задолжување на Република Македонија, Досега во рок пократок од 3 месеци владата на Заев ја задолжи Македонија за 101 милиони евра по основ на аукции на државни хартии од вредност. Во просек за 73 дена владата на СДСМ ја задолжува државата за 1.383.000 евра на ден. Дополнително од девизните резерви на државата се повлечени 126 милиони евра.

Доколку земеме во предвид дека голем број на капитални проекти на претходната влада се стопирани, а во ребалансот нема нови капитални проекти кои се по предлог на новата влада прашањето останува за кои цели се искористени или ќе се користат овие парични средсва на граѓаните. Од ветената транспарентност досега видовме само како вртоглаво се трошат буџетските средства без да добиеме транспарентна слика за намената за која се потрошени овие средства.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за разлика од оваа на СДСМ инвестираше во голем број на капитални проекти за кои се земаа краткорочни, но и долгорочни кредити по поволни камтни стапки. Во изминатиот период кога СДСМ беше опозициска партија се обидуваше да направи се за да ја претстави македонската економија како нефункционална и со тоа го намалуваше крединиот рејтинг на државата, а тоа автоматски значи зголемување на каматните стапки по кои Македонија се задолжува на странските и домашните пазари. Инвестицијата на буџетските средства во капитални проекти кои на државата на долг рок повеќекратно ќе и ја вратат инвестцијата беше одличен почеток за создавање на одржлива економија и одржлив економски развој на долг рок.

Сега кога е намален кредитниот рејтинг на Македонија поради пролонгираната политичка криза вештачки создадена од СДСМ само со цел доаѓање на власт. И како резултат на тоа каматните стапки по кои Македонија се задолжува се поголеми, тие целосно го менуваат својот став кон задолжувањето и наместо да креираат политика на штедење тие за 73 дена се задолжуваат 101 милиони евра и повлекуваат цели 126 милиони евра државни резерви.

Македонскиот денар е валута со фиксен девизен курс, односно денарот е врзан со еврото и со девизните резерви кои ги има државата го одржува денарот со стабилен курс од 1 евро за 61.5 денари. Новата влада со повлекувањето на 126 милиони евра од девизните резерви сериозно го загрозува стабилниот курс на денарот и постои закана за девалвација на домашната валута. Со девалвација на домашната валута се намалува вредноста на домашната парична единица во однос на вредноста на странските парични единици. Тоа ќе предизвика намалување на куповната моќ на граѓаните, односно за исти пари граѓаните ќе можат да купат многу помалку производи од предходно. Македонија е држава која е зависна од увозот на странски продукти и во оној момент кога странските продукти кои Македонија ги купува во евра ќе треба да купува за зголемен број парични едници во денари автоматски ќе се зголемат цените во малопродажбата.

Во изминативе 73 дена белег на владеењето на СДСМ оставија штетни договори, катастрофални законски решенија и целосно неадекватното справување со еколошката катастрофа која настанува со пожарите на цела територија на Македонија. Дополнително константното задолжување кое се одвива по повисоки каматни стапки дава слика за скриена агенда на новата влада за целосно уништување на државата. Грчккото економско сценарио кое во минатото го заговараше СДСМ сега полека, но сигурно станува реалност под дирегентската палка на владата на СДСМ. Повторно причина за назадување на македонската економија и општество многу веројатно ќе биде владеењето на олигарсите од СДСМ.

Милош
Милошевски

Претходно «
Следно »