ГУГЛ ВО НЕВОЛЈА: Европската унија му се заканува на Гугл со големи казни и расцепкување во помали компании

  • March 26, 2018

Европската унија се закани дека ќе го подели Гугл на помали компании. Доминацијата на Интернетот од страна американската фирма излегува од рамките на европското законодавството за борба против монополи.

Комесарката за конкуренција на ЕУ, Магрит Вестагер, за “Дејли телеграф” изјави дека постојат “сериозни сомневања” за монополот на пазарот од страна на Гугл.

Минатиот јуни таа му врочи на Гугл рекордна парична казна од 2,1 милијарда евра.(3 милијарди американски долари) .

Гугл поднесе жалба против пресудата на Европската комисија, пресуда која би значела дека Гугл треба да промени начинот на кој нејзиниот алгоритам рангира веб-страници.

Компанијата со седиште во Калифорнија се соочува со две други тужби за монопол од Европската комисија.

Гугл има 91,5 отсто од пазарот на пребарувачи во Европа, а Вестагер рече дека ЕУ не е задоволна со овој виртуелен монопол. Гугл спроведува девет од десет интернет пребарувања во Европа.

На прашањето дали ЕУ размислува да го натера Гугл да се подели на помали компании, слично на банките по финансиската криза во 2008 година, таа рече: “Важно е ова прашање да биде отворено и на дневен ред”.

Вестагер, која во последниве неколку месеци се соочи и со Епл и Амазон, рече дека се плаши дека Гугл наскоро ќе биде неопходен за водење на бизнис во Европа.

Претходно «
Следно »