October 18, 2021, 5:32 pm

Гугл зaбpaнува содржини што ги нeгираат климатските промени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гугл ќе забрани објавување дигитална содржина што промовира лажни тврдења за климатските промени и се надева дека тоа ќе го ограничи приходот на оние што ги негираат климатските промени и ќе го запре ширењето дезинформации на неговите платформи.

Компанијата на својот блог објави дека новата мерка ќе се примени и на Јутјуб, кој минатата недела најави широко сузбивање на дезинформациите за вакцините.

„Сѐ повеќе наши огласувачи и медиумски партнери ни пријдоа директно, изразувајќи загриженост за содржината што се објавува веднаш до нивната, и промовираат неточни тврдења за климатските промени. Огласувачите едноставно не сакаат нивните реклами да бидат прикажани покрај таква содржина“, наведува Гугл, а пренесува агенцијата АП.

Новите мерки ќе забранат рекламирање и монетизација на содржина што е спротивна на воспоставениот научен консензус за постоењето и причините за климатските промени“, се наведува во блогот на Google, пренесува Танјуг.

Ќе се воведат ограничувања за содржината што ги нарекува климатските промени измама или негира дека емисиите на стакленички гасови и човечките активности придонесоа за долгорочното затоплување на земјата.

Гугл објасни дека ќе користи автоматизирани алатки и рецензенти за да ја имплементира новата мерка кога ќе стапи на сила во ноември.

Компанијата, еден од двата доминантни играчи во глобалната индустрија за дигитални реклами, минатата година заработи 147 милијарди долари приход од реклами.

Latest News

(Видео) Стојкоски со ѓорчепетровци по изборниот ден: Ова е моето Ѓорче, без и со функција ќе бидам тука за проблемите и решенијата

По изборниот ден, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ се сретна со дел жителите кои...

More Articles Like This