Гугл се соочува со kaзна од 5 милијарди долари бидејќи лaжел за инкогнито режимот

Поврзано

Уште една пpecyда пpoтив Гугл поради лaжнo информирање на корисниците за прибирање на податоци

Австралискиот сојузен суд утврди дека „Гугл“ ги довел во заблуда корисниците со информациите за употреба на личните податоци собрани...

Aндpoид пpoблeми: He ви paбoтaт aпликaциитe нa мoбилниoт? – oвa e peшeниeтo

Многу корисници на Андроид телефоните вчера и денеска забележаа дека дел од нивните апликации не работат. Гмеил, Вибер, Амазон, Ватс...

Јапонскиот гигант Тојота го пpekина производството во Чешка

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ на 14 дена ќе го прекине производството во фабриката во близина на чешкиот град...
- Advertisement -

Сите, барем еднаш, користеле инкогнито режим при работа со веб-прелистувач. Меѓутоа, ако „сурфате“ на Интернет анонимно, тоа не значи дека вашите активности се целосно скриени.

На пример, ако користите Google Chrome за „инкогнито“ прелистување на Интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, обрасците и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле – не се зачувани.

Сепак, сите овие информации се уште можат да бидат видливи за вашиот провајдер.

Многумина не знаеја дека „приватно“ и не е целосно приватно, па затоа, верувајќи дека Google ги измамил, решиле да покренат тужба против оваа компанија. Уште минатата година, Google побара американски суд да ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека корисниците се согласиле на условите што биле јасно објаснети.

Неодамна имаше нов заговор, кога судијката Луси Кох ја одби жалбата на Google, што воедно значи и зелено светло за покренување судска постапка, пренесува порталот „Зимо“. Доколку пресудата не е поволна за гигантот, им се заканува казна од најмалку 5 милијарди долари.

Според тужбата, доколку корисниците биле свесни што всушност претставува „инкогнито режим“, многу од нив не би посетиле некои веб-страници.

Како одговор на одбиената жалба, Google одговори дека „остро ќе се брани“.

Latest News

Мицкоски до власта: Ова е тepopизам, а не 27 април

Претседдателот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на дрскоста на владеачката СДСМ, која со притисокот врз болните пратеници кои со скафандери се...

More Articles Like This