,,ГУГЛ“ СЛАВИ ПОЛНОЛЕТСТВО: Почнаа од гаража во ,,Менло парк“ во Калифорнија

  • September 27, 2016
Инаку, „Гугл“ својот роденден го одбележуваше на 7 септември, на датумот кога компанијата е основана. Во 2005 година, „Гугл“ го смени датумот на одбележувањето на својот роденден и оттогаш го одбележува на 27 септември, на датумот кој се поклопува со објавувањето на рекордниот број страници што ги пребарува.

Во знак на одбележувањето на својот роденден, „Гугл“ го постави посебнио „Гугл Дудл“ (Google Doodle).

Првата јавна продажба на акциите која се одржала на 19 август 2004 ја кренала вредноста на компанијата од 1,67 милијарди долари на 23 милијарди долари. Преку серијата на нови производи, аквизиции и партнерство, компанијата ја проширила својата основна дејност на пребарување и рекламирање во други подрачја, вклучувајќи ја електронската пошта, онлајн мапите, прикажувањето на видеоформати и друго.

Оваа компанијата со седиште во местото Маунтин Вју во Калифорнија важи за едно од местата во кое е најпријатно да се работи. Повеќепати било објавувано дека вцработените во рамките на фирмата имаат на располаѓање базени, теретани, кујни… И сето тоа во модерен и интересен дизајн.

Минатата година компанијата направи реорганизација и ја покрена кровната корпорација „Алфабет“ под која, помеѓу останатите, се наоѓа единица за роботика и автомобили, наследничка на компанијата„ Бостон динамик“.

Осумнаесет години по основањето на Универзитетот Стенфорд, „Гугл“ е една од најмоќните светски компании. Според вредности на пазарот со 541 милијарда долари на второ место по „Епл“. Пејџ и Брин се на 12-то и 13-то место на листата на најбогати луѓе на „Форбс“, со богатство од 35,2 односно 34, 4 милијарди долари.

Претходно «
Следно »