ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Зголемена фреквенцијата на возила, на Богородица и Табановце се чека 45 минути!

  • August 2, 2018

По половина час до 45 минути се чека на граничните премини Богородица и Табановце. Иако фреквенцијата на возилата е зголемена, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на патиштата се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Претходно «
Следно »