ГУЖВА НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ: Десетици автобуси полни со Косовари влегуваат во Македонија за да гласаат утре!

  • December 10, 2016

Голема колона на автобуси вечерва направи гужва на граничниот премин Блаце, кои се упатени од Косово во Македонија за како што најави соработникот на лидерот на една политичка партија и претставник на албанската дијаспора Муса Љамалари, дека во Албанците од Косово се спремни на секој начин да му помогнатна лидерот на политичката партија, поради неговите ветувања за федерализација на Македонија и воведување на двојазичност на целата територија

blace3

Албанците од Kосово и Aлбанија под организација на првиот човек на албанската дијаспора Муса Љамалари масовно пристигнуваат да гласаат во Македонија мотивирани од ветувањата кои се дадени за двојазичност и редефинирање на државата.
blace

Според информациите кои кружат на социјалните мрежи, направен е поголем застој поради метежот на граничниот премин Блаце. Причина за тоа се колоната на автобуси од Косово кои пристигаат во Македонија за утрешното гласање.

blace2

Претходно лидерот на политичката партија кој ветување двојазичност и федералзиација на Македонија доби и силна поддршка од директорот на радикалната косовска телевизија „Клан“ во отворена емисија, каде што го нарече лидерот на партијата во Македонија „спасител“ на Албанците, на кои тој им бил единствената шанса бидејќи можел да го исполни ветувањето за формирање на кантонизирани, слбодни албански територии во Македонија кои подоцна би можеле слободно да одлучуваат за нивото на соработка кое би сакале да го имаат со Косово.

Со голема помпа, во обид да му помогне на неговиот другар, Закир Беќири – Чауш на својот ФБ профил, од затвор, објави видео интервју со директорот на косовската телевизија „Клан“ и политички аналитичар Батон Хаџиу, според кој еден лидер на политичка партија е единствениот човек кој може да ги спаси Албанците во Македонија.

caus_kosovo

Според Хаџиу, лидерот на една друга политичка партија на Албанците кој бил испратен од Косовските албанци во Македонија за тука да ги заштитува ветераните на УЧК и албанското население не успеал во таа задача, а наместо тоа почнал да се занимава со чување на овчар. Според зборовите на Хаџиу, лидерот на албанската партија станал „овчар кој се занимава со политика по потреба“.

Директорот на телевизијата „Клан“ која безрезервно застана позади лидерот на политичката партија уште за времето на терористичкиот напад на терористите од Косово во Диво Насеље, и каде што истиот лидер на партија за прв пат го промовираше проектот за воведување на двојазичност и федерализација, немаше влакна на јазикот ниту за уште еден лидер на албанска партија, велејќи дека нему му било страв да се појави во Куманово бидејќи таму ќе го убиеле.

Наместо тоа, лидерот со сепаратистички идеи според Хаџиу е спасителот, кој добил аплаузи и скандирање од Албанското население во Диво Насеље другиот ден по завршувањето на акцијата.

Овој потег кој за Хаџиу е „месијански“, беше остро осуден во Македонската јавност, имајќи во предвид дека лидерот на партијата и актуелен технички министер во владата на Р.Македонија се фотографираа со јатаците на терористите, и оние кои плукаа и ги исвиркуваа полицајците кои под два дена битка си заминуваа од Куманово.

Хаџиу не застанува тука. Тој понатаму тврди дека Косово има обврска да се грижи за Албанците во Македонија, и затоа може слободно да се меша во внатрешните работи на Македонија, а за тоа најдобар би бил токму лидерот со сепаратистички идеи, бидејќи бил отворен кон идејата за формирање на слободни територии на кои Албанците ќе можат самите да си донесуваат одлуки за нивниот живот и територија. На овој начин, Заев би овозможил спроведување на силна комуникација помеѓу Албанските слбодни територии (кантони според програмата на СДСМ), кои потоа преку референдум би можеле слободно да се отцепат.

Косовскиот пропагатор, вели дека лидерот на најголемата политичка партија во Македонија, бил опасен за Албанците бидејќи сакал да величи измислена историја, преку градење на споменици во Скопје на големци како Александар Македонски и други „лилипутанци“, кои не се дел од Македонската историја. Според Хаџиу, Македонската нација е измислена и има лажна историја која најголемата политичка партија се труди да ја пропагира.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Доколку влезеа во НАТО немаше да ги имаат овие проблеми во Македонија, не сакаа да го сменат името затоа што се бореа за непознат идентитет се со една цел за да изградат споменици – вели Батон Хаџиу, директор на Косовската телевизија „Клан“[/kopa_block_quote]

Во недела ќе се води последната битка за Македонија. Сепаратистот и дезертер, а воедно и лидер на политичка партија во последнава недела има зголемена активност и контакти со голем број на водачи на албански криминално-терористички банди од Косово, претходно договорени од неговиот соработник и член на ИО на политичката партија и кандидат за пратеник, со кои ќе се обидат да предизвикаат инциденти на денот на изборите.

Во недела, со масовна излезност на Македонците ќе се порази оваа валкана сепаратистичка игранка сценирана од еден центар на моќ, чиј извршител во Македонија е една политичка партија и нејзиниот лидер. Македонија утре референдумски ќе докаже дека нема да дозволи да биде уште еднаш поделена!

Македонци, утре масовно да одговориме на оваа надворешна провокација!

Претходно «
Следно »