ГУЖВА НА ТАБАНОВЦЕ: Се чека по половина час за влез и излез од државата

  • August 24, 2018

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ соопштува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Претходно «
Следно »