ГУТЕРЕШ: Многу земји ги игнорираа советите на СЗО, сега плаќаме висока цена

Поврзано

Според научниците, ова е клучен витамин во бopбата пpoтив Koвид-19

Витаминот Д игра важна улога во нашето тело – се согласуваат научниците. Тежок недостаток на овој витамин, особено под...

ВИДЕО: Медицинска сестра им свири на виолина на пациентите кои бoлeдуваат од Koвид-19

После тешките смени во болниците каде ги лекуваат пациентите заразени од Ковид-19, медицинска сестра им свири на пациентите на...

Министерот за труд на Црна Гора е пoзитивeн на kopoнавиpуcот

Црногорскиот министер за труд и социјална помош Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирусот, соопшти црногорската Влада. Од синоќешните резултати од...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги критикуваше земјите кои ги игнорирале препораките на СЗО во екот на пандемијата на коронавирус.

Тој оцени дека светот платил висока цена поради различните стратегии.

„Видовме изрази на солидарност, но многу малку единство во нашиот одговор на Ковид-19. Земјите следеа различни стратегии, понекогаш и контрадикторни, а сите плаќаме висока цена“, рече Гутереш на видео конференцијата на отворањето на годишниот состанок на Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот секретар на ОН исто така укажа дека голем број на земји ги игнорирале препораките на СЗО.

„Како последица на тоа, вирусот се рашири низ целиот свет и сега се движи кон земјите на југ каде што може да има уште пофатални последици“, предупреди Гутереш, повикувајќи на голем меѓународен напор за светот да се соочи со оваа трагедија.

„Се надевам дека истражувањата за вакцина се еден вид почетна точка“, рече тој.

Светското здравствено собрание, за прв пат во историјата се одржува виртуелно и поради пандемијата ќе трае само два дена.

И покрај тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, земјите се надеваат дека со консензус ќе ја усвојат резолуцијата, поднесена од страна на Европската унија.

Резолуцијата повикува на почеток на процесот на проценка што е можно поскоро, со цел да се испита меѓународниот здравствен одговор и мерките на СЗО во борбата против пандемијата.

Актуелно

Мицкоски во Гевгелија,Дојран,Богданци и Валандово, носителите на листи во голем број активности и средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителите на листи ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во...

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“ повторино е активирана...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

Повеќе вести