Гoлем протест пред Влада: Извисените угостителите и индустријата за организирани настани бараат Власта да најде решение

Поврзано

РКЕ дoнece oдлyкa – oвa ce нoвитe цeни нa гopивaтa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Утpe нoви цeни нa гopивaтa

Како секој понеделник, така и утре напладне Регулаторна комисија за енергетија ќе ги соопшти новите цени на горивата кои...

Ќе поскапи ли струјата во јуни или јули?

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за МИА вели дека во јуни или...
- Advertisement -

Угостителите и индустријата за организирање на свадби утре повторно излегуваат на протест. Локацијата е пред Влада, часот 15:00.

Бараат донесување на протоколи за работа на рестораните за организирани настани и да се вратат во функција сите комплементарни дејности.

Веќе неколкупати, рестораните за организирани настани, ноќните клубови, заедно со останатите комплементарни дејности- музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.

Протокол за работа чекаат веќе една година.

-Продолжуваме во Вторник (09.03.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА.
Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори).
Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година.
Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие.

Како што е веќе познато, претходно неколкупати истакнаа дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места.

Властите пак се оградуваат- до сега велеа дека олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, нема да има се додека Комисијата за заштита од заразни болести не одлучи дека се создадени услови за тоа.

Latest News

Oбид за yбиcтвo во Куманово, пpoбодeно едно лице

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство...

More Articles Like This