September 18, 2021, 8:29 am

Гoлeм шyмcки пoжap нaд Koчани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево околу 16 часот избувна голем шумски пожар во подножјето на Осоговските Планини, на околу еден километар над Кочани.

Огнот зафати борова шума на површина од околу 10 хектари, а помогнат од силниот ветер брзо се шири во правец на градот и најверојатно ќе зафати поголема шумска површина.

– На терен се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, кои со две возила и четири пожарникари се обидуваат да го контролираат ширењето на огнот. Истовремено нашите колеги интервенираат на пожар кај селото Бања во општина Чешиново Облешево и единицата не е комплетна за интервенцијата во Кочани. Поради тоа ги повикавме и колегите од Штип и Виница, истакна Благој Паунов, команир на ТППЕ – Кочани.

Првичните сознанија укажуваат дека пожарот е предизвикан од удар на гром, а сувата вегетација.дополнително придонесува за неговото брзо
ширење.

На истата локација имаше пожар и пред една седмица, при што изгоре шума на површина од 10 хектари.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Кој е најбезбедниот град во светот?

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани...

More Articles Like This