October 23, 2021, 8:22 am

Гoлeмa тpaгeдиja вo Италија: Зaгинa 14 мeceчнo бeбe oд Македонија пpи пaд oд бaлкoн – oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голема трагедија му се случила на семејство од Македонија, кое живее во Италија. Како што информира 24 Инфо 14-месечно бебе паднало од балкон од вториот кат од зграда во местото Понте Гардена во Италија.

Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски во петокот во околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.

Како што пишуваат италијанските медиуми најверојатно мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.

Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.

Latest News

„Шaмap“ oд Европската комисија: Пaзapниот инcпeктоpaт нeмa кaпaцитeт зa извpшyвaњe нa зaдaчитe, paбoти co нeдoвoлнo лицeнциpaни инcпeктopи и зacтapeнa oпpeмa

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија нотира дека земјата е делумно подготвена во делот на слободното...

More Articles Like This