January 24, 2021, 10:36 am

Гo пpoдaлa cвoeтo бeбe зa дa cи кyпи нoви чизми

Поврзано

Илон Маск ja caкa Кина, и Кина го caкa Илон Маск

Компанијата на Илон Маск, Тесла, во Шангај, работи со полна пареа. Според еден извршен директор, Тесла не добила само...

Фајзер се oбвpзa: 40 милиoни вakцини зa cиpoмaшнитe

Американската компанија „Фајзер“ се обврза да испорача 40 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ оваа година, во согласност со напорите...

Пpвпат од пoчeтoкoт нa eпидeмиjaтa: Хонг Конг вoвeдyвa cтpoг кapaнтин

Хонг Конг денес ја воведе првата блокада од почетокот на пандемијата на коронавирус. 10.000 граѓани во густо населениот дел на...
- Advertisement -

Луиза Гаџиева, 25-годишна мајка од руски Дагестан е фатена на дело како се обидува да го продаде своето новороденче за 300.000 рубљи (околу 3.000 евра).

Гаџиева објавувала огласи дека сака своето бебе да го даде на посвојување, но всушност станувало збор за прикриена продажба. Глумејќи купувачи, прво и пристапиле членови од здружението Алтернатива кое се занимава со борба против трговија со луѓе.

-На сите начини се обидовме да и објасниме какви опасности го очекуваат детето и да ја убедивме да не го продава, велат од здружението, а пренесува Мирор. Но, нивните убедувања не наишле на плодна почва.

На крајот се вклучила полицијата. Примопредавањето се случило во кафуле во центарот на градот, каде бебето го презеле полицајци кои глумеле купувачи.

„Немојте да велите продажба и купување. Тоа звучи грдо. Можете да ме осудувате, ама јас не можам да се носам со ова“, рекла мајката која освен ова има уште три други деца.

Откако и ги дале парите, го предала бебето и им дала признаница. Тврдела дека парите и требаат за капар за куќа.

Но, истрагата открила многу пошокантна причина.

„Врвот на цинизмот е нејзината преписка со сестра и, која била запознаена со се, а и рекла дека откако ќе го продаде детето ќе си купи чизми“, велат од полицијата.

Откако е уапсена, го признала злосторството и во моментов е во притвор во Москва.

-Детето е сместено на сигурно, објави полицијата.

Latest News

(Видео) Урбан xoлоkауст во Хром: Жителите гневни поради најавената изградба на 100 нови згради

Расте гневот кај жителите на скопската населба Хром кон општината и градоначалникот Наумовски за Деталниот урбанистички план според кој...

More Articles Like This