January 23, 2021, 9:40 am

Гpчки вecник откpивa: Бyгapcки авиoни ќе го чувaaт мaкeдонcкото нeбo

Поврзано

Евроамбасадорот со нова „вocпитнa“ за Влaдaта: 3aбpзajте го peформскиот пpoцес, тoa е нajбрз нaчин за влeз во EУ

Интеграцијата на Македонија во Европската Унија нема алтернатива, а со цел деблокирање на усогласувањето на преговарачката рамка за земјата...

3aeв: Heмаме алтepнативa на ЕУ

Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во...

Cтapото cojyзништво – Германската амбасадорка: Договорот со Бугарија мора да се спроведе

Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Македонија како независна и е силен поддржувач...
- Advertisement -

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека Македонија и Бугарија преговараат за вклучување и на источниот сосед во чувањето на македонското небо како дел од напорите за надминување на несогласувањата што доведоа до бугарско вето за старт на преговорите со Европската унија.

„Скопје и Софија, наводно, разговараат за програмата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија, како дел од обидот да се најде заеднички јазик што ќе го реши конфликтот меѓу двете соседни земји, кој ја натера Бугарија да стави пречки за пристапување на Северна Македонија кон Европската унија.

Овие дискусии може да доведат до тоа Бугарија да ги здружи силите со своите сојузници во НАТО, Грција и Италија, кои, на барање на Скопје и во рамките на НАТО, се одговорни за надзорот на воздушниот простор на Северна Македонија.

Грција и Италија во моментов го надгледуваат воздушниот простор на Северна Македонија на секои две недели. Воздухопловните сили на Грција исто така имаат обуки со вооружените сили на Северна Македонија, што подразбира грчки авиони Ф-16 уште почесто да летаат над Северна Македонија“, пишува „Катимерини“.

Latest News

Евроамбасадорот со нова „вocпитнa“ за Влaдaта: 3aбpзajте го peформскиот пpoцес, тoa е нajбрз нaчин за влeз во EУ

Интеграцијата на Македонија во Европската Унија нема алтернатива, а со цел деблокирање на усогласувањето на преговарачката рамка за земјата...

More Articles Like This