September 18, 2021, 8:14 am

Гpeта Тунберг се Bakцинираше и порача: Никој не е бe3беден, додека сите не сме бe3бедни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

„Благодарна сум и привилегирана што живеам во дел од светот каде можам да се вакцинирам“, напиша 18-годишната Тунберг на Твитер со фотографија од фластер на местото на левата рака каде беше вакцинирана.

Покрај тоа, Тунберг ја критикуваше дистрибуцијата на вакцини во некои делови од светот оценувајќи дека е „крајно нееднаква“.

Повикувајќи се на Њујорк Тајмс, младата активистка напиша дека досега 84 отсто од дозите примени во земјите со висок и среден приход, а 0.3 отсто се искористени во државите со низок приход.

„Никој не е безбеден, додека сите не сме безбедни“, додаде Тунберг и ги повика луѓето да не се сомневаат во ефективноста на вакцините.

„Вакцинацијата спасува животи“, напиша таа.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Кој е најбезбедниот град во светот?

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани...

More Articles Like This