Давид синот на Билбилов тргна по стапките на татко му (фото)

  • December 24, 2018

Синот на Роберт Билбилов веќе оди по стапките на татко му.

За талентот на Роберт Билбилов нема потреба да зборуваме, тој е истакнат пејач и композитор и еден од ретките кои во периодот на стагнација твореше, иако тоа беа песни направени за неговите колеги, а неодамна на последното макфестовски издание по подолг период повторно се врати со своја композиција насловена „Чудни светови“.

Можеби многумина не знаат, но Роберт има синче, Давиц кој веќе има 11 години и е спремен да продолжи по стапките на тато. Дека е талентиран за уметност докажува и тоа што тој веќе е дел од филмското училиште за деца „Тинтири минтири“.

Давид се појавува во музичките спотови на ова филмско училиште и глуми во дел од скечовите, но освен за глума, Давид е алентиран и за пеење. Неодамна Билбилов објави фотографија на која се гледа дека неговиот син снима песна во неговото студи. Роберт досега направи толку прекрасни хитови за своите колеги, па фановие со нетрпение чекаат да видат што овој пат спремил нивниот миленик за сопствениот син.

Претходно «
Следно »