ДАДАР ЈА РАЗОТКРИ: Рипна стомакот на водителката Миа Костова!

  • April 3, 2019
  • Коментари

ТВ водителката Миа Костова и мејкап артистот Александар Билјановски – Дадар беа заедно во Анталија – Турција, а ова доживување им го овозможи работата, тоа што се познати и секако моќни промотори на социјалните мрежи.

Откако полетаа од скопскиот аерором, па се до враќањето назад, Миа и Дадар имаа што да понудат со фотографии и видеа на социјалните мрежи од прекрасната Анталија, хотелот, храната, забавата…

Иако Миа и самата признава дека ги „побудали“ своите следбеници со стотици видеа на „стори“, ниту самата не можеше да одолее на убавините, но очигледно најмногу на турската храна. Благо, солено и обратно, резултатот беше рипнатиот стомак на Миа, кој наликува дури и на труднички.

Свесна дека шпекулациите не и бегаат, водителката мораше да даде јасно до знаење дека станува збор за прејадување, а не брмененост.

„Портали стоп! Не е бебе, Турција е“, напиша Миа за фотографијата која ја овековечи Дадар како спомен од Турција на нивното незаборавно патување.

Откако се вратија, водителакта како да чувствуваше грижа на совест, па повторно се огласи со фотографија од 2015 година на која е ултра згодна.

Сега или тогаш, Миа едоставно „грми“, послаба или со секси облини – таа зрачи со својата маркантност.

Претходно «
Следно »