ДАЛИ ВИСТИНАТА НАВИСТНА Е КАКО ШИЛО?: Анонимна објава на фејсбук ја најавува вистината за ,,Рекет‘‘

  • January 21, 2020
  • Коментари

Вистината за случајот “Рекет” ќе излезе како шило, а јавноста ќе биде изненадена од неговата позадина. Објава со ваква содржина е споделена од официјалниот профил на згаснатата телевизија 1ТВ, чиј неформален сопственик Бојан Јовановски е првоосомничен во случајот.

Неактивен веќе пет месеци, Фејсбук профилот на поранешната телевизија се активираше на денот кога во судот беше закажано ново рочиште за “Рекет”.

Статусот содржи уверување дека вистината за еден од најголемите судски случаи во Македонија се уште не е излезена во јавноста.

“Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правбен предмет “Рекет”, сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за предеметот “Рекет”. Како беше онаа позната реплика…Вистината е како шило, е токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен Рекет”, пишува во статусот на 1ТВ.

На Бојан Јовановски денеска не му се укажа можност да ја каже својата вистина за случајот, бидејќи рочиштето беше одложено поради влошената здравствена состојба на адвокатите на Катица Јанева.

Едниот нејзин бранител, Дељо Кадиев е хоспитализиран, а другиот, адвокатката Ирена Фрчкоска пријавила дека не може да присуствува од здравствени причини.

Нивното отсуство го одложи закажаното сведочење на обвинителката од згаснатото СЈО Лиле Стефанова, која требаше да го даде својот изказ во судот.

Во случајот “Рекет” Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ги гони Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски. Тие се товарат за перење пари и злоупотреба на службената положба.

Претходно, третообвинетиот Милевски призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Претходно «
Следно »