ДАЛИ Е ВОЗМОЖНО: Кланот Заеви носат очила за сонце од по 457.000 долари!

Поврзано

Груевски за ФАЦ: Не се враќам во политиката

Поранешниот премиер во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг,говори за делата што му се ставаат на товар...

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од...

Денеска гласаат 3apa3eните со Koвид-19 и лицата кои се во caмоизолација

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да...
- Advertisement -

Соросовите медиуми кои одработуваат за СДСМ денеска по којзнае кој пат пробаат да ја манипулираат јавноста пласирајќи очигледна невистина дека наводно премиерот Никола Груевски има очила за сонце вредни 60.000 американски долари, пишува Вистина.мк.

Очигледно дека Заев, Милчин, Фрчко и останата компанија од промашени политичари се во длабок очај и големи фрустрации штом се обидуваат да протнат една ваква ноторна лага во јавноста, на која никој не и верува и која наидува на потсмев. Промашените политичари чиј ороводец е Заев, се свесни за нивниот политички крај и наместо со политички идеи и проекти ја силуваат јавноста со малограѓанско однесување, кое очигледно е нивна основна карактерна особина. Во нервозата и брзањето направиле и грешки. Заборавиле дека по социјалните мрежи токму кланот Заеви со гордост објавуваат фотографии, кој го претставува сиот нивни луксуз, а кој не се знае како е стекнат и за кој е тешко да се најде оправдување за потеклото на парите.

Ако го примениме пристапот и ја следиме логиката на соросовите квазиновинари тогаш доаѓаме до фрапантен податок кој говори дека ЧЛЕНОВИТЕ НА КЛАНОТ ЗАЕВИ НОСАТ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ ВРЕДНИ НИ ПОМАЛКУ НИ ПОВЕЌЕ ТУКУ 457 ИЛЈАДИ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ, пишува Вистина.

Бобан Заев – очила за сонце од 383 000 долари

Бобан Заев, прв братучед на Зоран Заев, носи очила за сонце од 383.000 долари. Со оглед на фактот дека ова лице беше правосилно осудено за даночно затајување во Македонија, не треба да не чуди зошто јавно парадира со волку скапи и луксузни очила. Очилата се „Долче Габана“ вредни 383.609 долари.

Радиша Бојовиќ-Заев – очила за сонце од 71 000 долари

Заевиот зет Радиша(Рашо) Бојовиќ-Заев пак може да се пофали дека употребил 71 000 долари од семејното богатство на неговата сопруга Катерина, која е братучетка на Зоран Заев, и вклучена во зделките на компанијата Тргопродукт, за да набави и низ монденските места да шета очила за сонце.

Вице Заев – очила за сонце од 3 200 долари

Вице Заев, братот на Зоран Заев кој по јавно признание на струмичкиот градоначалник е задолжен да го собира арачот, митото и рекетот во име на кланот Заеви пак е најскромен во овој случај, и има очила за сонце од само 3 200 долари. Но затоа пак да не остане покусо тој вози луксузен спортски автомобил Порше кој на пазарот чини над 250 000 долари.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Груевски за ФАЦ: Не се враќам во политиката

Поранешниот премиер во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг,говори за делата што му се ставаат на товар...

Петнаесеттина странски медиуми акредитирани за известување од изборите

Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат новинарски екипи од петнаесеттина странски медиумски куќи. За изборите од терен ќе известуваат 55 странски...

Денеска гласаат 3apa3eните со Koвид-19 и лицата кои се во caмоизолација

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе денеска во рамки...

Високи службеници од ИВЗ заразени со koронавирус

Двајца високи службеници од Исламската верска заедница се позитивни на коронавирусот, пренесува „МКД“, според чии информации состојбата на еден од заболените е доста тешка....

„Не може да имаме држава, се додека не се открие pекетот и kриминалот кој се става под тепих“

Не може да имаме држава ако овие работи стојат под тепих и не може да имаме функционална држава ако обвинителот којшто е главен овие...

More Articles Like This