ДАЛИ Е ОВА ИДНАТА СОПРУГА НА ПУТИН: Алина Кабаева, која многумина ја гледаат како прва дама на Русија!

  • December 23, 2018

На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар поставил прашање: кога планира да се ожени? Ова прашање ги покренало приказните за венчавката на Путин со Алина Кабаева.

Шефот на Кремљ се насмевнал и одговорил дека во иднина секако планира повторно да застане на лудиот камен.

Како пристојна личност, тоа ќе мора да го направам, порано или подоцна – одговорил Путин.

Светските медиуми сега пишуваат дека неговата наводна девојка Алина Кабаева(35) станува нестрплива и дека сака да знае кога тие двајца ќе се венчаат.

Кабаева е една од омилените жени во Русија, а таа повеќе од една деценија не е поврзана со ниту еден друг маж.

Се шпекулира дека Путин повеќе од една деценија е во врска со поранешната ритмичка гимнастичарка Алина, која сега е шефица на голема медиска куќа во Москва. Се зборува дека парот има и тајно семејство, што Кремљ категорично го негира.

Кабаева од 2014 година ја води Националаната медиска група, откако дала оставка на местото пратеник во рускиот парламент.

Алина ретко се појавува во јавност, а самата понекогаш сака малку да ги подгрее шпекулациите. Така во една прилика изјавила дека го пронашла мажот кој многу го сака, одбивајќи да го каже неговото име.

Претходно «
Следно »