September 18, 2021, 7:38 am

Дали Лиле Стефанова по грешка објави како е уценуван главниот сведок Алек „Теранова“ во предметот „Плацеви на Водно“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Превид на надлежната обвинителка во предметот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова, ја откри уцената под која се наоѓа главниот сведок во постапката Александар Ивановски, познат во јавноста како Алек „Теранова“.

При презентирање на докази во врска со основање на фирмата „Сирах Инженеринг Лимитед“ од Белизе, Стефанова презентираше копија од лична карта на основачот на компанијата Ристо Новачевски, но, по греша и патната исправа на Александар Ивановски кој во случајот не е обвинет, туку е сведок на обвинителството.

Проблематично е тоа што до сега не се знаеше под кои околности Алек „Теранова“ е сведок, а не обвинет во истата постапка, иако против него се водела истрага, како што ненамерно денес покажа и Стефанова.

Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев, приговараше на оваа ситуација, потенцирајќи дека токмум Александар Ивановски е лицето кое ги сторило сите криминогени дејствија поради кои неговиот клиент и другите обвинети во предметот сега се пред судија, а Ивановски е сведок.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Овие делови од Скопје денес и утре ќе останат без стpуjа

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска и утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од...

More Articles Like This