ДАМОВСКИ: Борбата е надпартиска, ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ни се приклучат

  • March 5, 2017

Борбата е надпартиска, ги повикуваме сите граѓани на Македонија да ни се приклучат на протестите за зачувување на македонскиот идентитет, уставниот поредок, јазик и име, изјави режисерот и организатор на протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, Борис Дамовски во информативниот блок во 18 часот на ТВ НОВА.

boris-damovski-1-640x314

„Не чекаат поголеми напори и поголемо присуство на протестите. Ги повикуваме граѓаните да дојдат безразлика на својата партиска, етничка или верска определба да ни се приклучат. Не сакаме да влеземе во трик агендата на политичките партии да си ги мерат рејтинзите преку присуство на протести. За нас доволни се и 500 луѓе, меѓутоа колку повеќе, толку појасна и посилна е нашата порака. Пораката е за унитарна, уставна, единствена Македонија на која никој нема да и ги менува ниту идентитетот, ниту знаемто, ниту јазикот“, рече Дамовски.

Тој го коментираше и присуството на членови на СДСМ на протестите и говореше за инцидентот кога член на СДСМ ја скина партиската книшка од матичната партија.

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија да ги искинат сите членки книшки на партиите бидејќи ова е надпартиска борба – кој и да се чувствува загрозен од пораките од својата партија, очигледно пораката овојпат доаѓа од СДСМ. Меѓутоа било кој член на партија што не се согласува со иницијативата да го сочуваме македонскиот идентитет, уставниот поредок, јазик и име е добредојден да ја скине членката книшка“, рече Дамовски.

Претходно «
Следно »