Данска нajycпeшнa вo ЕУ вo вakциниpaњeтo нa нaceлeниeтo

Поврзано

Пановски пpeдупрeдува: Бoлниците се гнездо за вирусот, брисови да се земаат на отворено

Трет бран веќе постои, не очекувам да биде посилен од вториот, вели микробиологот и професор на Медицинскиот факултет, Никола...

Запленети повеќе стотици ампули лaжни вакцини против ковид-19 во Јужна Африка

Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици ампули лажни вакцини против ковид-19, по глобалното предупредување издадено од Интерпол дека...

(Видео) Дедо од Делчево тврди дека нашол лек за коpoнавирусот

Седумдесетгодишен маж од Делчевско поставил патоказ на патот меѓу Делчево и Штип за луѓето полесно да дојдат до лекот...
- Advertisement -

Данска е предводник во вакцинацијата против коронавирус благодарение на нивната брза и непречена дистрибуција, а доколку биле достапни повеќе дози, уште повеќе луѓе би биле вакцинирани, пренесува AFP.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември, 2,2 милиони луѓе од 5,8 милиони жители се вакцинирани во Данска.

За разлика од другите земји кои издвојуваат половина од своите пратки за да можат пациентите да добијат втора доза, Данска ги искористила сите први дози на вакцината на Pfizer / BioNTech во првиот бран.

„Ставот на владата е дека штом вакцината ќе пристигне во Данска, истата мора да се искористи веднаш“, рече данската премиерка Мете Фредериксен.

Со одлична логистика и брзо спроведувани вакцинации во домовите за стари лица каде што се присутни скоро сите што сакале и ја примиле вакцината, Данска води во вакцинирањето на своето население во ЕУ и е далеку пред другите земји.

Данска, според податоците собрани од АФП, го вакцинира своето население три пати побрзо од европскиот просек.

Само во четвртокот, 129.170 лица се вакцинирани со првата доза.

„Вакцината се дистрибуира брзо и имаме многу добра ИТ инфраструктура што ни овозможува да го регистрираме секое лице кое прима вакцина“, рече Јенс Лундгрен, професор по заразни болести на Универзитетот во Копенхаген.

Со цел да им се даде првата доза на вакцината на што повеќе луѓе, Данска, како и некои други земји, дозволила втората доза на вакцинација да се одложи до шест недели, наместо препорачаните три недели.

СЗО ја одобрила одлуката, и покрај незадоволството на производителите.

Данска исто така од вчера започна да ја користи вакцината на Модерна.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This