ДАЧИЌ: Косово доживеа целосен пораз во Советот за безбедност!

  • February 10, 2019

Вредеше што успеавме да се избориме прашањето за Косово и Метохија да остане на дневен ред на седницата на Советот за безбедност на ОН, бидејќи претставниците на власта на КиМ доживеаја целосен пораз, но не треба да очекуваме дека ситуацијата автоматски ќе се среди.

Дачиќ нагласи дека членките на Советот за безбедност едногласно одлучија дека треба да се укинат даноците кон Србија, а голем дел од нив го осудија и формирањето на војска на Косово.

„Косовските претставници беа изненадени од ставовите и одлуките на некои од земјите, до толку што реагираа со нервозни навреди кон истите“, рече Давчиќ.

Министерот Давчиќ нагласи дека ова е прв пат од 2012 година наваму, откако се одржуваат седниците, ниедна земја да не побара еднострано признавање на Косово.

Тој потсети дека западните земји мислат дека Резолуцијата 1224 го изгубила значењето и сакаат прашањето за Косово да се тргне од дневен ред на Советот за безбедност, да се прекине мисијата на УНМИК бидејќи има поважни теми за кои треба да се расправа.

Сепак се покажа дека прашањето треба да остане на дневен ред и тоа на три седници годинава и уште две следната, а за понатаму дополнително ќе се одлучи во зависност од развојот на настаните.

Претставиците на приштинските власти дневно даваат по десет различни изјави, да се укинат даноците, па да не се укинат, да се продолжи дијалогот со Белград, па да се зголемат даноците, и така натаму.

„Тие го загрозија процесот на преговарање, а ние нема да го продолжиме се додека не се укинат даноците“, изјави Дачиќ. “

Претходно «
Следно »