ДАЧИЌ СО РЕАКЦИЈА: Не можам да верувам дека некој ќе испрати полиција да го заземе манастирот Острог

Поврзано

Се заострувaат мерките во Албанија, станува задолжително носењето на маси во затворен простор

Во Албанија носењето заштитни маски и во затворени простории станува задолжително, изјави министерката за здравство Огерта Манастирлиу при посетата...

Телефонски разговор ја скара опозицијата во Бугарија

Бугарското обвинитeлство објави телефонски разговор помеѓу лидерот на опозициската Комунистичка партија, Александар Паунов и контроверзниот бизнисмен Васил Бошков, за...

Лaжирани тестови за 40 евра на границата меѓу Бугарија и Грција

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лaжни резултати од тестови за новата болeст, кои се продаваат...
- Advertisement -

Шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ се вклучи во „полемиката” започната пред три дена во Србија од претседателот Александар Вучиќ, патријархот Иринеј и медиумите за новиот Закон за слободата на вероисповедта и правниот статус на верските заедници во Црна Гора, кој предвидува дека сите верски заедници, вклучувајќи ја и Српската православна црква (СПЦ), мора да докажат дека имале сопственост над имотите пред 1918 година.

Коментирајќи ја, како што рече, „намерата на Владата на Црна Гора да го присвои имотот на СПЦ”, Дачиќ за весникот Курир изјави дека „никој кој удрил по црквите не поминал добро”.

– Ова се должи на фактот дека Црна Гора во својата желба да ја покаже црногорската државност, ги негира Србите, оцени тој.

Дачиќ потсети дека српскиот претседател Вучиќ говорел на многу пристоен начин со желба да ги избегне можните проблеми во меѓусебните односи.

– Не можам да поверувам дека некој ќе испрати полиција да го заземе (манастирот) Острог. Не можам да верувам дека некој полицаец ќе се однесува како комунистите во 1945 година за да ја освои црквата, додаде Дачиќ.

Тој нагласи дека во Црна Гора живеат над 30 отсто луѓе кои се изјаснуваат како Срби и живеат таму со векови.

– Кога Македонија го призна Косово, тие рекоа дека тоа мораат да го направат бидејќи таму живеат 30 отсто Албанци. Во Црна Гора живеат 30 отсто Срби и пак го признаа Косово. Што значи тоа? Како и да свртиш, само Србите ќе бидат оштетени, смета Дачиќ.

Според него, Црна Гора го интересира од аспект на правата на Србите што живеат во земјата.

– А дали таа ќе биде посебна држава или не, тоа е друго прашање. Впрочем, Србија и Црна Гора имаа повеќе различни државни форми во кои живееле, додаде шефот на српската дипломатија.

Тој оцени дека е далеку од тоа да се каже дека „Црногорците немаат право да се изјаснуваат како Црногорци, но дека ова изјаснување никогаш во историјата не значело меѓусебни судири и војни”

Latest News

ОБСЕ нема да ги набљудува претседателските избори во Белорусија

ОБСЕ соопштија денеска дека нема да испратат набљудувачи во Белорусија следниот месец поради тоа што не е испратена навреме...

Помалку од два часа до затварањето на гласачките кутии

Останаа уште неполни два часа за остварување на правото на глас на овие парламентарни избори. За разлика од сите досегашни избори денеска Македонија гласа...

САД – Визни рecтpикции за работниците во кинеските технолошки компании

САД ќе воведат визни рестрикции за одредени врабтени во кинеските технолошки компании кои ги кршѓат човековите права, соопшти денеска Стејт департментот. Визните рестрикции ќе се...

Во штипскиот регион најголема излезност има во Пробиштип

Најголема излезност во штипскиот регион има во општината Пробиштип, каде што излезноста до 17 часот е 50,82 отсто. Претседателот на Општинската изборна комисија во...

Драма во Аеродром, жена направила хаос бидејќи не ѝ дале да гласа со маска со партиски симбол

На гласачко место бр.2695 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром околу 13.15 часот претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција бидејќи лице влегло на гласање...

More Articles Like This