ДА ВИ КАЖАМ ЈАС ШТО Е ВОЈНА: ФБ статусот на еден Босанец кој учествувал во војната при распадот на Југославија, а го запали Балканот

Поврзано

ЈОРГОС ГЕРАПЕТРИС: Можно е Грција да не ја отвори гpaницaтa со Македонија на 15 јуни

Не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен...

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЖИВУВА НAЈЦPНИТE СТАТИСТИКИ: Црна Гора ја yкинa мepкaта за задолжително носење мacка

Додека Македонија ги доживува најцрните статистики во борбата со коронавирусот, Црна Гора ја укина мерката за задолжително носење маска,...

Во кapaнтин бегaлcки камп во Грција

Со заедничка одлука на Министерствата за цивилна заштита, за здравство и за миграциска политика на Грција, бегалскиот камп во...

Статусот на Елдин Курбашиќ од Сараево кој тој го објавил покрена бура од реакции меѓу корисниците на социјалните мрежи од целиот Балкан. Тој им испратил јасна порака на сите оние кои овој период ги креваат тензиите и ја подгреваат нетрпеливоста на Балканот.
aracinovo_2001_vojna
Елдин раскажал низ што се минал за време на граѓанската војна која изби при распадот на Југославија. Вели дека раскажува само од свое искуство. Ова е неговата порака во целост:

status_vojna

Војна за почетници (од гледна точка на војникот):
Затоа што изминативе неколку недели се повеќе се подгреваат тензиите помеѓу народите на Балканот и се појавуваат се повеќе патриоти од сите врсти, ред е да споделам знаење стекнато од лично искуство, за тоа што е вусшност војна.

– Родителите од прозор го гледаат брдото на кое си пратен да се бориш и се молат да се вратиш жив. Додека ги гледаат сите детонации и гранати кои паѓаат ттаму, си велат, само да се врати, па макар и инвалид.

– Не мора да те погоди куршум или шрапнел за да те убие во борба. Убива и детонацијата која може да ти ги уништи органите. Првите симптоми се губење на свеста и повраќање крв.

– Ако успееш да се вратиш од акција жив, може да добиеш должност да отидеш кај сопругата и мајката на твојот другар, кои со неговата двегодишна ќерка која стои меѓу нив, да им кажеш дека загинал. Ти даваат и кутија седативи за да им ги дадеш да се смират, но кога да стигнеш, уште кога ќе те видат на вратата со уште двајца војници, знаат зошто немаш насмевка на лицето. Веднаш вриснуваат во плач, а во тие моменти си ги замислуваш твоите дома како би реагирале кога би им го соопштиле истото.

– Размена на мртви: Е ова е посебна дисциплина… замислете дека треба да превртиш понекогаш и повеќе од 100 лешеви за да го најдеш својот роднина. Понатаму не сакам да навлегувам во детали.

– Имаш околу 10 секунди на твојот другар да му го запреш шуштењето од белите дробови. Ако немаш завој може и целофанот од цигарите да ти помогне.

– Брзината со која се движи шрапнелот е околу 1 километар во секунда. Лета неправилно и се врти околу сопствената оска, а има температура од околу 200 степени целзиусови. Го кине ткивото, коската, а вените и артериите со кине за дел од секундата.

– Глувчешка грозница – Ако и си се навикнал на големите стаорци кои шетаат покрај тебе по рововите, на болеста која често го погодува војниците во рововите, сигурно нема да се навикнеш.

– Кога ќе ве советуваат да се облечете во повеќе слоеви, треба да послушате затоа што цел месец, понекогаш и повеќе, со кал до колена, тие слоеви ќе ви бидат повеќе од потребни

– Бајонетот не се носи за некого да заколеш, туку да се закопаш во ледената и тврда земја за да се заштитиш од противничката артилерија.

– Непријателскиот снајпер е подосаден од било кој комарец.

– Оружјето секогаш МОРА да ти биде суво. Ниту едно нема водоотпорен сертификат.

– Адреналинот кој те удира додека си во карантин пред да тргнеш во акција е едно 800 пати посилен од оној пред твоето прво сексуално искуство.

Има уште многу, но секако мислам дека ова е доволно за на сите да им порачам: Не повикувајте на војни и конфликти ако не сте спремни да поднесете нешта десет пати потешки од овие што ви ги наведов.

Актуелно

ШИЛЕГОВ СЕ EВAКУИPAЛ: “Градскиот очув” на викенд во Маврово бега од кaрaнтинoт во Скопје

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје е во Маврово, додека главниот град е во 80-часовен полициски час, објави „ТВ24“. Шилегов за...

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: „Инфомакс“ влезе во Ковид-19 центарот на Аџибадем Систина, погледнете како изгледа процесот на тестирање!

Екипата на Инфомакс, ексклузивно го посети центарот за тестирање на Ковид 19 во приватната клиника Аџибадем Систина. За време на посета имав шанса да...

(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна...

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19,...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

Повеќе вести