ДА И ПОМОГНЕМЕ НА МАЛАТА ЈАНА: Малата Јана е голем борец, но и треба нашата помош!

  • January 2, 2018

На малата Јана Здравевска од Велес родена на 25.07.2015 година на 1 годишна возраст и е дијагностицирано AML (акутна мијелоидна леукемија).

На Клиниката за детска онкологија во Скопје по примена хемо-терапија Јана ја совлада болеста, но по само 5 месеци истата се врати и Јана беше испратена на трансплатација на коскена срцевина во болницата Газиосман паша во Истанбул. Целокупниот процес околу трансплатацијата ги покри фондот за здравство.

Јана успешно ја помина трансплатацијата и моментално е пуштена на домашно лекување. Лековите кој што треба да ги прима малата Јана чинат 1000 евра, а контролите кој што треба да се прават на секој 2 месеци во истата болница во Турција чинат 2.500 евра поединечно. Ова се трошоци кои не ги покрива фондот, а за нејзините родители се премногу големи.

Ве замолуваме доколку сте во можност да донирате на донациската сметка на Јана и да го споделиме овој апел.

Сметка за донации Тутунска банка.

Денарска сметка: 210-7000006402-39

Девизна сметка: IBAN-MK07210501709358008

SWIFT-TUTNMK22

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!

Претходно «
Следно »