ДА НЕ СЕ ЧУДИТЕ ЗОШТО ГУБИТЕ: СДСМ тргна по паметот на „шарените“

  • September 26, 2016

Директорот на ПОЦ и претседател на општинската организација на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ како и многу пати до сега се стави во функција на Шарените платеници и хулигани и го повика своето членство и функционерите на СДСМ на протест пред Собранието на Република Македонија.
srbce-sdsm-povik-protest-1

Читател на порталот Журнал.нет до нашта редакција ни испрати „принт-скрин“ од пораката која што Саша Богдановиќ – Србче (инаку познат во јавноста како најскапо платениот директор во државата со енормно големата плата од 2.000 евра, како и по трошење на пари од граѓаните за огромни сметки и лумпување по кафани) денеска ја праќал на членови и функционери од СДСМ преку која повикува на протест пред Собранието на Република Македонија за поддршка на некадарната и неписмена Катица Јанева и пералницата за пари на членовите на СДСМ – пучистичката и неуставна банда, СЈО.

srbce-sdsm-povik-protest

Вчера во функција на главен стратег на опозициската СДСМ се јави и Саше Ивановски – Политико кој преку својот портал ги повика опозиционерите на протести кои треба да ги организира Шарената револуција.
sase-politiko

Во предходните протести и дивеења вандалите и хулиганите од СДСМ и СОРОС нанесоа штета на државата од над 250 илјади евра. Дали и во овој протест „Шарените платеници“ ќе продолжат со својата деструктивност и уништување останува да видиме.

Сепак, голем дел од постарите структури на СДСМ изразуваат негодување околу повиците за протест. Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски пак, ги нарече дунстери оние кои глумат лудило, оние кои би протестирале утре.
ivor

Повикот за протест, пак, наиде на голем потсмев на социјалните мрежи.
cvetin

Претходно «
Следно »