ДВАЈЦА КИНЕСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ ВО ТУРЦИЈА: Поради поврзаност со новогодишниот масакар, уапсени двајца Кинески државјани!

  • January 14, 2017

Турските власти во текот на вчерашниот ден уапсиле двајца Кинески државјани од Ујгурско потекло за вмешаност во Новогодишниот масакар во Истанбул во кој загинаа 39 лица, пренесува државната агенција Анадолу

istanbul_policija

 

Двајцата осомничени, Омар Асим и Абулиези Абудухамити се притворени од страна на Турската полиција под сомнение дека се дел од терористичка банда. Апсењето следи откако минатата недела беше објавено дека осомничените во терористичкиот напад организиран од ИСИС се од Ујгурско потекло.

Вкупно 35 лица се притворени досега, неколку Ујгурци, пренесуваат Турските медиуми.

Ујгурите се Муслиманско малцинство кое ќивее на Западот на Кина, каде што се зборува Турскиот јазик, а имаат своја дијаспора во Турција и Централна Азија.

Претходно «
Следно »