September 24, 2021, 6:57 pm

Два земјотреси во Турција со над 4 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два одделни земјотреси го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датча, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време на длабочина од 24,21 километар.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 02:56 часот по локално време на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на околу 45 километри од Датча, пренесе АФАД, пренесува Анадолија.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Latest News

Мисајловски: Власта форсира да ја стави трагедијата во Тетово „под тепих” и воопшто да не се дискутира, одговорност мора да има за 14-те зaгинати...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, вечерва во Сител Телевизија, во врска со трагедијата во Тетово, истакна дека...

More Articles Like This