August 8, 2020, 12:04 pm

Два македонски филма во конкуренција на филмскиот фестивал „Санденс“

Поврзано

Светска премиера на краткометражниот филм „Вера“ на Верица Недеска на Фестивал во Измир

Краткометражниот филм „Вера“ на Верица Недеска Трајкова ќе ја има својата светска премиера на „Балкан панорама филм фестивал“, кој...

Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Театарот и Центарот за култура “Јордан Хаџи Константинов Џинот” во Велес

Драмскиот писател и драматург, Сашо Димоски е назначен за нов в.д. директор на Театарот и Центарот за култура “Јордан...

„ПРАВО И РЕЛИГИЈА“: Промовиран учебникот од проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски

Во издание на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на германската фондација „Конрад Аденауер“, излезе од печат учебникот „Право и...
- Advertisement -

Два македонски филма, едниот документарен, а другиот детски и авантуристички, ќе се натпреваруваат во соодветните категории на следното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, кој е дефинитивно најголемиот и најпрочуениот светски настан на независната филмска продукција.

Во категоријата „Долготраен документарен филм“ на фестивалот, кој ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година во државата Јута во САД, во конкуренција со 11 други долгометражни документарци ќе се натпреварува македонскиот „Медена земја“.

Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, а продуцент и монтажер на филмот е Атанас Георгиев.

„Медена земја“ на минатогодишниот Сараевскиот филмски фестивал ја освои највредната парична награда на фестивалот, 30.000 евра од Турската национална телевизија (ТРТ).

Филмот ја раскажува приказната за Атиџе, која живее со мајка и во централна Македонија, во сосема примитивни услови и произведува мед од диви пчели, притоа почитувајќи го природниот баланс – земајќи само половина од медот за себе, а оставајќи им го другото на пчелите што го собрале.

Покрај „Медена земја“ и филмот „Ловци на вештерки“, која е македонска ко-продукција, ќе се натпреварува за награда на „Санденс 2019“, но во категоријата „Деца“.

Овој филм малцинска ко-продукција меѓу Србија и Македонија и е семејна приказна, која жанровски се движи помеѓу авантура, научна фантастика и семеен филм.

Режисер на филмот е Рашко Миљковиќ, а продуцент на филмот е „Акција Продукција“ од Србија во копродукција со „Дрим Фектори“ Македонија. Во него игра македонската актерка Јелена Јованова-Периќ, костимографи се Ирена Анастасовска и Милена Миленковиќ. Звукот го снимаше Игор Поповски, директор на фотографија е Микша Анѓелиќ а монтажер е Ѓорге Марковиќ.
Извор:Мета.мк

Latest News

КСС: Наместо Заев да нaјaвyвa oтпyштaњe на 30 илјади paбoтници вишoк од jaвниoт ceктop, Влaдaтa да го cпpoвeдe зaкoнoт за paбoтни oднocи

Во изминатиот период бевме бомбардирани преку медиумите дека е намален обемот на работа во јавниот сектор поради економската и...

(Видео) Зошто СДСМ кpиe неколку cтoтици илjaди eврa за peклaми на социjaлни мpeжи и од каде им се?

СДСМ е најнетранспарентната политичка партија во Република Македонија и тоа поттикнува многу сомнежи. СДСМ овие избори ги изведе на најнедемократски начин, вршејќи најголем изборен...

Од бaндит вoдaч не бидyвa, Заев се пpeпoтyвa затоа што и неговите му велат дека е гoтoвo

СДСМ пишманска! Трети ден во јавноста пуштаат соопштение дека имаат мнозинство, трет ден само што не ги спремиле звучниците на најјако со песната ,,Зоки...

Го yдpил и избeгaл – Момче пoвpeдeнo во cooбpaќajкa

На 08.08.2020 во 00:00 часот било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода бил донесен Б.П.(24) од Скопје. Имено...

Мицкоски на 19-гoдишнинaтa од Кapпaлaк: Слава за хepoитe кои зaгинaa за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук денеска се потсети на трагично починатите херои за Македонија кај местото Карпалак пред точно 19...

More Articles Like This