ДВЕ ВОЗИЛА ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ МАВРОВО-ДЕБАР: Еден автомобил летнал во Радика, друг се превртел!

  • January 18, 2017

Едно возило завршило во водите на реката Радика, откако претходно излетало од коловозот кај месноста „сенечки ливади“ на патот Маврови Анови-Дебар, а друго се првртело на покрив при што четири лица се полесно повредени.
soobrakjajka_sneg

Според информациите на СВР Тетово, утрово околу 7 часот, екипи на „Македонија пат“ кои работеле на расчистување на снегот по регионалниот пат Маврово Анови – Дебар, забележале „опел-корса“ во речното корито, но немало возач ниту патници, ниту во близина, ниту во возилото. Откако бил извршен увид, утврдено е дека возилото има скопски регистерски таблички, но не е познато кој го возел и како се нашло во Радика.

На истиот пат, околу 11 часот, во близина на Врбјански мост, „фолксваген голф“ со косовски таблички во кој покрај возачот имало и тројца патници излетало од коловозот, при што се превтело на покривот. Набрзо по незгодата, четворицата косовски државјани биле згрижени во гостиварската општа болница. Материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари.

Претходно «
Следно »