January 22, 2021, 5:02 am

Две години баран криминалец од Германија фатен во Скопје

Поврзано

Голема акција вечерва во Визбегово: Се апсат дилери на kokaин

Вeчерва во тек е голема полициска акција во Визбегово, дознава 24 Инфо. Неофицијално, се апсат членови на банда шверцери...

Починa Бранка Станковска, легендарната радио и ТВ спикерка

„Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци,...

Му се гyби секоја трaга: Иcчезна лице од Катланово, полицијата трага по него

Во Полициско одделение Петровец, З.Т.(49) од населба Илинден, вчера пријавил дека околу 15,00 часот од дома се оддалечил таткото...
- Advertisement -

Според информации од МВР, денеска во 13.15 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје, во скопската населба Карпош, врз основа на издадена меѓународна потерница го приведоа лицето С.Х.(44) од Боизенбург, Германија.

Лицето се барало за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измама и пирамидални шеми со измама, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување.

При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица.

Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трагал од 22.02.2018 година.

Latest News

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

More Articles Like This