April 16, 2024, 10:42 am

ДВЕ ГОДИНИ БЕЗ НИТУ ЕДНА РЕФОРМА: СДСМ не направи ни чекор за приближување кон ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ.

Зоран Заев лани ја лaжеше јавноста дека Македонија треба да слави бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лaгата па излезе со новo дека ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ во јуни оваа година. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не отпочнување на преговори во јуни е можно поради не спроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот. Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите, стои во соопштението и се додава:

„Власта ја партизираше јавната администрација, која ја заcили и со бран на нeпотизам, додека судcтвото целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите. Граѓаните немаат повеќе време за гyбење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неcпособна и треба да си замине“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This