ДВЕ ГОДИНИ СТАРА ВЕСТ: Социјалните мрежи и некои медиуми се возбудија поради вест стара две години

  • March 8, 2018

Стара, рециклирана информација од 2016-та година вечерва ги вознемири социјалните мрежи

 

Социјалните мрежи, но и неколку други медиуми вечерва се возбудија благодарение на вест стара повеќе од две години, а во врска со наводно повлекување на министрите на ДУИ од владата.

Имено, информација која ја објави еден од провладините медиуми во 2016. година, некои опозициски медиуми вечерва без да ја проверат информацијата ја реобјавија, повикувајќи се на изворот.

Сепак, информацијата дека ДУИ наводно излегува од  владата на Заев не е точна, и е постара од две години.

Претходно «
Следно »