ДВЕ ФУНКЦИИ ЗА ИГОР МИЛЕВ: Најзаслужните кадри на СДСМ со две функции – Заев спои две функции во една и му ја додели Царина на Милев

  • April 28, 2018

За ,,најзаслужните’’ кадри на СДСМ и они кои што се најблиски до сегашното раководство животот по промената на власта навистина за нив дојде. Имено голем дел од блиските луѓе до Заев и раководството на СДСМ како и нивните деца, роднини и блиски пријател добија функции и работни места, а некои и по две.

Таков е случајот со Игор Милев од Радовиш кој не доби една туку две функции споени во една. Значи доколку си близок со сегашното раководство на СДСМ нема граници на тоа што државата може да направи за тебе за ти удоволи.

Токму пред медиумите Зоран Заев кога седна на премиерската фотелја говореше за овие две работни места. Заев тогаш изјави ,,Премиерот кој што ја води владата на Република Македонија ги слушаше тие пусти разговори. И сеа знае се и затоа сеа сите кај мене се тепаат кој да биде на местото на Дулич во царина и на местото на Влатко Мијалков. И што тоа? Викам колкава е платата? Мала е платата не е голема. Епа не бива таа работа’’. Сега за да го задоволи партискиот потрчко Милев тој ги спои поранешните функции на Дулич и на Мијалков во царината. Логичното прашање сега кое следува, а сега мали ли се платите?

Претходно «
Следно »