ДВОЈНО КНИГОВОДСТВО ВО 24ВЕСТИ И ТЕЛЕКАБЕЛ: Инспекција и полиција влезе во „24Вести“ и Телекабел на Роберт Димитров

  • March 3, 2018

Инспектори на Управата за јавни приходи и Финансиска полиција влегле во компаниите на Роберт Димитров, со цел да се види нивното финансиско работење и евентуалната поврзаност со телевизијата 24 Вести. Непотврдена е информацијата дека се истражува и тнр. двојно книговодство

 

Влезот на инспекторите е по барање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги , која поведе постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација меѓу кабелската телевизија Роби и ТВ 24 Вести.

Медиумската концентрација ја потврди и самиот сопстевник на Телекабел, Роберт Димитров во видео интревју. По ова интервју, а по неколку претходни одбиени претставки, ААВМУ, конечно на седницата од 23-ти февруари, одлучи да поведе постапка со која ќе се испитува недозволената медиумска концентрација меѓу кабелската Роби и ТВ 24 Вести. Телевизијата е должна во рок од 45 дена од денот на приемот на одлуката да ги достави сите податоци од значење на одлучување на Агенцијата. Дали влегувањето на УЈП и финансиската полиција во телевизијата и кабелскиот оператот е во функција на утврдување на медиумската концентрација, ќе треба да покажат анализите од кои што е можне да произлезат и други сознанија , на пример прекршување на законите и по други основи.

ТВ 24 Вести на крајот од минатата година до ААВМУ имаше доставено барање за промена на сопственичката структура, но Агенцијата не дозволи таква промена. Според образложението, одобрувањето ќе значи недозволена медиумска концентрација според членот 36 од законот и барањето беше одбиено.

Претходно «
Следно »