January 23, 2021, 9:21 am

ДВOJHИ CTAHДАРДИ

Поврзано

Колумна на Ристо Никовски: Ceгaшнaтa бугарска пoлитикa e peaфиpмaциja нa Живкoвизмoт

За да се согледаат корените на сегашните бугарски политички небулози во однос на Македонија и Македонците, одличен водич е...

Цapoт e гoл

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив...

Колумна на Мирка Велиновска: Луѓе и глyвци

Овој текст им го посветувам на ,,револуционерите,, од шарената куртон СДСС-соросоидно – УЧКаста ГМО бројлерска оргија организирана од цијашот...
- Advertisement -

Почитувани пријатели и сограѓани.

Се надевам дека ги поминавте новогодишните празници во домашна атмосфера и добро расположение, и покрај нужните ограничувања заради пандемијата која веќе цела година е со нас. Но, се разбира, подобро е да истраеме уште некое време разделени од нашите вообичаени социјални динамики, затоа што тоа е единствениот начин да го победиме вирусот COVID 19, и повторно да се вратиме на старите динамики на заедницата.

Јануари, месецот во кој веќе влеговме, е месец во кој се слават многу православни празници, кои треба да ги чествуваме, почнувајќи од Бадник, Божик, Св. Стефан, Св. Василиј Велики, Св. Јован, Св Атанас… Впрочем, во овој месец ќе биде вообичаеното фрлање на крстот на денот на Св. Јован, кој православните верници со радост го чествуваат.

Во првите денови од оваа година се случи несреќа во која деловниот центар во Струмица Глобус, беше опожарен. За Струмица и цела Македонија ова е настан кој не смее да остане покриен од пепелта и мора сторителите на ова дело да се соочат со правдата, затоа што несомнено е дека станува збор, во најмала рака, за неодговорно човеково дејствување, со намера или без намера, не е во мигов важно.
Длабоко сочувствувам со сопствениците кои не успеале да си ги осигураат дуќаните од оваа непогода. Ќе издвојам две нешта од кои треба да е засегнат секој поединец во нашава држава.

На прво место го ставам прашањето за статусот, третманот и опременоста на македонските противпожарни служби. Луѓето од овие бригади, кои се професионалци во својот занает се ставени на маргините на нашето општество, од аспект на екипираност, финансиска мотивираност, па дури и безбедност. Им се воодушевуваме само кога ќе направат добро дело, ставајќи ги своите животи во опасност и ризик, за да нѐ спасат нас и нашите материјални добра. Навистина, би рекол, ваквата небрежност кон македонските пожарникарски служби, е недозвилв и говори за длабока нефункционалност на виталните државни институции. Ургентно и нужно е ваквата состојба во пожарникарските служни да се реформира час поскоро, бидејќи тие се чуварите на нашите стекнати имоти од пожари предизвикани, пред сѐ, од човечкото невнимание. Тоа беше причината што не можев да го разберам актуелниот Градоначалник на Град Скопје, Шилегов кога, според мене, на непримерен начин ги одбиваше барањата за покачување на личните доходи на оваа група специјализирани служби.

Втората работа која ме изненади однесувањето на актуелниот премиер, Господинот Заев, низ кое јасно можевме да согледаме дека тој го чувствува проектот Глобус како негово дело, од времето на неговиот мандат на Градоначалник на Струмица, за која градба имаше многу контраверзни информации, за на крајот, тогашниот претседател Црвенковски во веќе отворените судски процеси за овој проект даде аболиција за Господинот Заев.

Неговото јавно обраќање за опожарениот Глобус е чин кој покажува и повикува на солидарност, и тоа така треба да биде, па колку и да не му е местото на еден премире тоа да го прави во вакви ситуации, бидејќи прво не станува збор за елементарна природна непогода, а второ, има многу вакви случаи кои можеби бараат солидарност, но до сега ниту тој ниту некој друг не повикале. Во тој контекст, не можам да се начудам, кога Еуростандард банка на 12 август беше однесена во стечај, а денес во ликвидација, Господинот Заев како бивш премиер и претседател на партијата која ја водеше Техничката Влада не се огласи со ниту еден коментар. Нели е малку чудно? Објектот Глобус, пак ќе има своја иднина, ќе се возобнови, додека правното лице Еуростандард банка е убиено, а со тоа се непосредно повредени над десетици илјади правни и физички лица, како и вработените во банката и вработените во Македонски Пошти. Дали тука почитувани мои гледате равенство, гледате суштествена справедливост и вистинска грижа? Не!..нема правда и рамноправен однос кон оштетените од Еуростандард банка кои ќе бидат за навек казнети доколку не се променат некои нешта во државата. Цело време говорам дека Еуростандард банка е жртва на организираниот криминал. Ваквиот мој став денеска е уште посилен, бидејќи факторот време, а веќе поминаа пет месеци од носењето во стечај на Еуростандард банка, ги дава на виделина сите недоследности од страна на Народна банка за носењето на Еуростандард банка во стечај.

Бидете убедени, вие, учесниците во овој организиран криминал НЕМА ДА ОТСТАПАМ ОД МОЈОТ ПАТ ДА ДОЈДАМ ДО ВИСТИНАТА. Во моментот дејствувам сам и најголем сојузник ми е јавното мислење кое ми дава несебична поддршка да истраам во оваа битка. Говорам за поддршка од луѓе кои ги познавам, ама и не ги познавам.

Во минатите мои колумни таксативно беа наведени сите пропусти за носењето на Еуростандард банка во стечај. До денес веќе пет месеци од таа црна среда ниту една институција во системот не ме контактираше во врска со разрешувањето на ова за мене многу болно прашање.

Се прашувате дали сум разочаран? Да почитувани, разочаран сум од институциите на системот кои се во рацете на поединци и групи, ама не сум разочаран од мојот сограѓанин. Ми го замрзнаа имотот, со цел да ми го отежнат секојдневниот живот. Им порачувам, не можете со ништо да ме спречите и секој кој е вовлечен во овој криминоген чин ќе се соочи со лицето на правдата. И на крајот ќе ги повикам оштетените штедачи, физички и правни лица, да не гледаат во мене непријател или човек кој им ги уништил нивните животи. Тие, оштетените и јас и моето семејство сме на иста страна. Отворено ги повикувам да се здружиме и заеднички да дејствуваме, трагајќи по украдените пари. Целта на нашето здржување е барање на целосно обештетување на сите оштетени од страна на институциите, Владата, Народна банка и вадење пред суд на сторителите на овој криминален чин.

Почитувани, дали има двојни стандарди кај првиот човек на Владата на Република Македонија? Што би рекол народот за Глобус го боли, ама за Еуростандард уво не му чуе. Така ли е? Ако сакаме да живееме во наша држава, мора да се зафатиме со длабоки резови кои ќе бидат и болни, ама во името на правдата, правото на сопственост и на крајот за достоинството на секој поединец во Република Македонија, тој исчекор мора да го направиме.

Latest News

(Видeo) Џонcoн: Бритaнcкиот coj на кopoнавиpycот е мнoгy пocмpтнocен

Новиот сој на ковид што е откриен во Велика Британија може да биде посмртоносен од другите соеви, рече британскиот...

More Articles Like This