ДЕБАКЛ НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Ја убедуваше јавноста дека тесните улици биле подобри од широки булевари – најави и кратење на помошта за странските инвеститори!

  • September 26, 2017

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на СДСМ и партиски портпарол на владејачката партија, вечерва при своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 излезе со низа тврдења кои преставуваат целосен дебакл во трката за градски татко која стартуваше во понеделникот.

Шилегов, на неверување на целокупната јавност излезе со тврдење дека подобро улиците да биле потесни, отколку широки булевари. Тој смета дека на Скопје му се случувала „импровизација од ширење на улици“, тврдејќи дека со проширувањето на улиците сообраќајот бил понебезбеден.

-Нам ни се случува импровизација од ширење на улици, па има и една друга сообраќајна проблематика која веројатно ќе ја разговараме дека ако само ја проширите улицата, го забрзувате сообраќајот, го правите понебезбеден, рече Шилегов.

Коментирајќи го проектот „Скопје 2014“, кој според сите статистики се покажа како магнет за туристи, Шилегов излезе со уште едно смешно тврдење дека туристи во Скопје воопшто и немало, или пак доколку и да ги имало, тие не носеле никаков придонес за македонската економија.

-Колку туристи има и дали ги има воопшто тоа може да го посведочи секој во Скопје. Една група од давесеттина луѓе во денот што ќе видите или две или три нека се, не е тоа туризам од таков калибар, кој што може да даде придонес во економијата и тука на локалните сопственици на објекти. Од аспект на туризам тој проект е дефинитивно промашен, рече Шилегов.

За дебаклот на Шилегов на Канал 5 да биде целосен се погрижи самиот тој, кој најави дека ќе ги укинат и напуштат економските политики со кои им се дава поддршка на странските компании, затоа што како што рече, „се штетни за иднината на оваа држава“, иако илјадници граѓани благодарение токму на тие инвестиции обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

Претходно «
Следно »