ДЕБАКЛ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: Жална слика на платото пред Владата на Р.Македонија – народот не сака да го гледа Заев!

  • September 7, 2017

Слаб е одзивот на граѓаните на вечерашната прослава по повод 8 Септември – Денот на независноста. Поради малкуте луѓе, премиерот Зоран Заев реши да ја премести прославата во дворот, позади оградата за која најавуваше дека ќе ја руши.

На социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледа дека луѓе со автобуси биле носени од други градови за да има поголем одзив. Сепак иако Владата носи луѓе од други градови во Македонија и тие се затворени со ограда, сепак успеа да собере само мал број граѓани. Од очекуваните 30.000, на прославата се појавија едвај 1.000 луѓе.

Вториот ден од одбележувањето минува во една помалку тажна атмосфера. Ограденото плато пред зградата на Владата се покажа прешироко за малкуте граѓани кои дојдоа на спектаклот што го приреди тимит на Заев за „спектакли“. Претстава за децата, уметничка инсталација, класична музика – ништо не го привлече вниманието на граѓаните за да се соберат во достоен број пред почетокот на официјалниот дел – обраќањето на премиерот.


Жестоки се и реакциите од граѓаните за носењето на автобуси од другите градови само за има колку-толку луѓе на прославата. Тие потсетуваат на изјавите на кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

-Што би рекол Стево Пендаровски: Ги качиле у комбе као СТОКА – Гладен народ на прославата од    жално но вистинито, се вели во една од реакциите на граѓаните.

Претходно «
Следно »